Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Владата најавува засилена борба против сивата економија и мониторинг на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryafoptkjj5er13JfmFms

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека борбата против неформалната економија е прашање на праведност, доверба во системот и еднакви правила за сите, оценувајќи дека станува збор за процес кој мора да биде системски, а не само инспекциски.

Говорејќи на конференција посветена на формализирањето на економијата, тој истакна дека сивата економија претставува изгубен приход за државата, но и изгубена можност за повисоки плати, подобро здравство, поквалитетно образование и посигурни пензии. Според него, неформалните текови создаваат нелојална конкуренција и ја рушат довербата во институциите, додека чесните даночни обврзници се ставаат во нерамноправна положба.

— реклама —

„Нашата цел е формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално“, нагласи Мицкоски.

Тој упати благодарност до министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска за, како што рече, дисциплинираното управување со јавните финансии во услови на глобални економски притисоци и растечки трошоци. Премиерот ја истакна и улогата на Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Финансиската полиција во засилените активности за сузбивање на даночните измами и финансискиот криминал.

— реклама —

Во рамки на стратегијата за намалување на неформалната економија, Владата најавува дигитализација на процесите преку електронско фактурирање и поврзување на базите на податоци, намалување на административните бариери за регистрација на бизнис, стимулативни мерки за формално вработување и поддршка на микро и мали претпријатија, како и зголемена транспарентност и размена на податоци меѓу институциите.

— реклама —

Паралелно со ова, премиерот се осврна и на цените во маркетите, оценувајќи дека глобалните движења и енергетските шокови не смеат да бидат алиби за неоправдани маржи и прекумерни профити.

Владата најавува засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи, анализа на трговските маржи, координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби и дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот.

— реклама —

„Немаме право да дозволиме нечесноста да биде попрофитабилна од чесноста. Немаме право граѓаните да плаќаат повеќе поради нечии шпекулативни практики“, истакна Мицкоски, додавајќи дека формализирањето на економијата е дел од европскиот пат и модернизацијата на државата.

Тој нагласи дека борбата против сивата економија е долгорочен процес, а контролата на цените, според него, претставува заштита на граѓаните, а не популизам. Владата, како што рече, ќе остане цврста кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризи, со цел воспоставување економија со ред и пазар со јасни правила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања