Промени тема
Контакт

„Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ преку соопштение денеска ја обвини Владата предводена од Христијан Мицкоски дека не презема доволно мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, оценувајќи дека високите цени и стагнацијата на приходите создаваат сè поголем притисок врз семејните буџети.

Од партијата велат дека цените на производите со месеци се високи, додека трошоците за живот растат, а приходите на граѓаните не го следат тој тренд.

— реклама —

Според СДСМ, потрошувачката кошничка со вклучена кирија достигнала речиси 90.000 денари, додека просечната плата се намалила за 1.163 денари.

Од опозициската партија ја обвинуваат Владата за, како што велат, погрешни економски политики и недоволна заштита на стандардот.

— реклама —

СДСМ посочува и на растот на цените на горивата, при што дизелот надминал 100 денари за литар. Од партијата велат дека Владата не ги намалила акцизите, ниту ДДВ-то за горивата од 18 на 5 отсто.

— реклама —

Во соопштението се критикува и политиката во однос на платите и пензиите, со оценка дека не е исполнето ветувањето за минимална плата од 600 евра.

Од СДСМ сметаат дека намалувањето на цените на училишниот прибор нема значително да го намали финансискиот товар врз семејствата.

„На родителите им се потребни поголеми плати за да можат децата да ги испратат во училиште, да им обезбедат храна, ужинка, облека и да ги покријат трошоците поврзани со образовниот процес“, наведуваат од СДСМ.

Партијата обвинува дека приоритет на Владата не се граѓаните, туку, како што тврдат, бизнис-интересите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library71skfr6mlp2c6c2wNgf

(Видео) Со песната „Во борба, македонски народе“, македонски знамиња и пораки за антифашизмот, СДСМ одржа марш во Прилеп

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Македонија | пред 11 час

media-library752h05roicf34cJytLV

СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава - долгот го плаќа народот!

Македонија | пред 14 часа

sdsm-i-mickoski

СДСМ: Арамијата Христијан повторно ѝ се заканува на СДСМ, стравот му влезе во коски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања