Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

,, Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, и да ви посакам добро здравје, среќа и бериќет. Искажувајќи ја својата почит кон ромската етничка заедница како нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество, би сакал да ви се заблагодарам за вашиот придонес за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина.

— реклама —

Токму на овој значаен празник не само за ромската заедница, туку и за сите наши граѓани, би сакал да упатам апел и понатаму ревносно да работиме за решавањето на сите предизвици со кои се соочуваат нашите сограѓани од ромска националност. Со задоволство можеме да се пофалиме дека имаме градоначалник Ром во општина во која ромскиот јазик е официјален и постојано присуство на Ромите во државните институции и во јавниот и општествениот живот. Сепак, мораме да потенцираме дека проблемите со кои се соочуваат Ромите, како што се пристап до здравствена заштита, образование, домување, ги вбројуваат во социо-економски ранливите групи и затоа треба посветено и без импровизации да се бара излезно решение.

— реклама —

Заедно и сложно да се справиме со сите отворени прашања, градејќи просперитетна и сигурна иднина за секого.

— реклама —

Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите!”, посака претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 5 дена

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 2 месеци

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања