Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Четвртооделенците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во посета на општина Ѓорче Петров – Практично запознавање со работата на локалната самоуправа и градоначалникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_8388

Во рамки на наставниот предмет Историја и општество, учениците од четврто одделение при ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ денес ја посетија Општина Ѓорче Петров. Заедно со градоначалникот Александар Стојкоски, учениците како „општински советници“ на интерактивен начин, преку симулација на општинска седница, научија како се дискутираат и усвојуваат предлози за различни проекти.

— реклама —

Малите „советници“ учествуваа во дебата, поставувајќи интересни прашања како: „Кој одлучува за изградба на нови паркови и игралишта?“ и „Како се избира што е најважно за граѓаните?“. Градоначалникот ги охрабри да размислуваат како вистински советници, објаснувајќи им ги чекорите од идеја до реализација, со посебен акцент на тимската работа и важноста на мислењето на граѓаните.

— реклама —

„Вработените од различни одделенија во Општината ги запознаа децата со нивната работа. Учениците беа поделени во помали групи и посетија одделенија како урбанизам, финансии и служби за јавни услуги. Таму добија можност да видат како се водат проекти, како се комуницира со граѓаните и како се обезбедуваат важни услуги за општината.

Покрај учењето, атмосферата беше исполнета со искрени насмевки, ведрина и енергија. Децата внесоа посебна топлина во општинската зграда, а нивната љубопитност и ентузијазам беа инспирација за сите.

— реклама —

— реклама —

На крајот, учениците добија задача да предложат сопствена идеја за подобрување на нивната населба. Оваа активност не само што им овозможи да ја разберат улогата на локалната власт, туку и ги поттикна да размислуваат креативно и критички за својата заедница.

Општина Ѓорче Петров со радост ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи, кои ја инспирираат идната генерација да биде активен и одговорен дел од општеството“, соопшти општината Ѓорче Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 2 дена

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjo93v63rmdtq6VELKa7

Нови 770 квадратни метри за учениците во Хром: Почна доградбата на ООУ „Димитар Беровски“

Скопје | пред 1 месец

media-library98dfr61thv4f7y5S8DH

Во Ѓорче Петров се градат седум нови приклучни улици

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања