Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

До 07:30 часот денеска, Центарот за управување со кризи регистрирал вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, два се ставени под контрола, а 27 се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Чашка, во селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“, каде гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација; во општина Липково, кај селото Стрима, на местото „Гури Куќ“, каде е зафатена борова шума и ниска вегетација; во општина Прилеп, кај селото Дрен, каде гори мешана шума; и во општина Дебар, кај Горно Косоврасти, на местата „Крушно и Вложно“, каде е зафатена шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите во општина Студеничани, меѓу селата Драчевица и Цветово, на местото „Калдиред“, каде гори ниска вегетација, како и пожарот на депонијата Краста во општина Куманово.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати уште 27 пожари. Тие биле регистрирани на различни локации во општините Гази Баба, Студеничани, Бутел, Дебар, Дебарца, Прилеп, Кривогаштани, Битола, Тетово, Јегуновце, Теарце, Желино, Неготино, Струмица, Босилово, Куманово, Боговиње и Чашка.

Според информацијата на ЦУК, пожарите зафатиле ниска вегетација, грмушки, шума, стрништа, ѓубре, пасишта, жито, трска и врби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања