Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Четврти викенд протести во Франција: Се намалува бројот на демонстранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 40 минути -

Свет
media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Околу 7.000 луѓе учествувале на новите протести во Франција, организирани против високите животни трошоци и во знак на поддршка на младите. Демонстрациите се одржаа четврти викенд по ред во повеќе градови, но со значително помал број учесници отколку на претходните собири.

— реклама —

Според извори блиски до Министерството за внатрешни работи, до раните попладневни часови биле одржани 68 протести. Собирите започнале мирно, со засилено полициско присуство, по немирите, вандализмот и пожарите што ги одбележаа протестите на 17 октомври.

— реклама —

Демонстрациите се одржуваат во пресрет на конференцијата што Владата ја закажа за задутре. Предвидени се средби со работодавачите, синдикатите, како и со претставници на ученичките и студентските организации.

— реклама —

Незадоволството во Франција започна во септември, кога учениците и студентите протестираа поради состојбата во образовниот систем. Подоцна им се приклучија и граѓани незадоволни од растечките животни трошоци и политиките на претседателот Емануел Макрон.

— реклама —

Францускиот премиер Себастијан Лекорни во писмо до социјалните партнери порача дека ги разбира нивните очекувања во врска со платите и куповната моќ, како и загриженоста на работодавачите. Тој оцени дека социјалниот дијалог може да понуди конкретни одговори на барањата на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Протестите на Генерацијата зет се шират низ Европа, следниот викенд на ред е Холандија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryps57pl6qctob3qDjicW

(Видео) Макрон на мета на демонстрантите: Со меч и тава удираа во фигура со неговиот лик

Свет | пред 6 дена

media-library6m420qdu9g5u1tRMJWH

(Видео) Протестите против скапото домување ескалираа во Португалија: Полицијата влезе во кампот и ги растера демонстрантите

Свет | пред 6 дена

media-library9f9o5k5plkk6cgnicJ1

(Видео) Се сечеа синџири, интервентната полиција пред судот: Што се случуваше вчера во Полска?

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања