Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Чистиот воздух не е подарок“: „Стоп за Усје“ најави нов протест во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Скопје
46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави нов протест за чист воздух, кој ќе се одржи на 1 декември 2026 година, со почеток во 17:30 часот, на раскрсницата кај Црвен крст, на булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „11 Октомври“ во Скопје.

— реклама —

Од иницијативата велат дека повторно излегуваат на улица поради, како што наведуваат, долгогодишното загадување на воздухот во главниот град и отсуството на конкретни мерки од надлежните институции.

— реклама —

Во објавата посебно го посочуваат цементарницата „Титан Усје“ како еден од главните индустриски извори на загадување во Скопје, обвинувајќи дека продолжува со загадувањето додека институциите не преземаат соодветни мерки.

Од „Стоп за Усје“ потсетуваат дека поминала една година од поставувањето на нивните барања, но дека, според нив, ниту едно сè уште не е исполнето.

— реклама —

„Чистиот воздух не е подарок. Тој е основно човеково право“, порачуваат од иницијативата, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на протестот за заштита на здравјето, децата и правото на здрава животна средина.

— реклама —

Со пораката „Сподели. Повикај. Дојди!“, иницијативата упати повик за масовна поддршка на протестот.

media-library07ik36er35vm25uFCUO

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7d4npi1579mebubMHkm

Осум часа протест и музика пред фабриката Усје - „Стоп за Усје“ ги објави артистите кои ќе настапат на „Блокада фест“

Скопје | пред 8 месеци

— реклама —
46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Стоп за Усје“ бара 24/7 мерење во реално време, од Кисела Вода појаснуваат: Станиците не можат да се интегрираат во AirCare

Скопје | пред 9 месеци

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања