Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Осум часа протест и музика пред фабриката Усје - „Стоп за Усје“ ги објави артистите кои ќе настапат на „Блокада фест“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-library7d4npi1579mebubMHkm

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест“, со почеток во 15 и завршување во 23 часот. Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“.

— реклама —

„Артистите се тука. Причината исто. Местото - исто.

Овој петок, Пред Титан, 15:00–23:00

— реклама —

Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат - музиката.

Волонтерски ќе настапат:

DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка.

Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух.

БЛОКАДАфест е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.

Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, стои во ојбавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

„Стоп за Усје“ бара 24/7 мерење во реално време, од Кисела Вода појаснуваат: Станиците не можат да се интегрираат во AirCare

Скопје | пред 1 месец

media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања