„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Чистењето на Скопје е под ризик: Управниот одбор на Комунална хигиена предупредува на оперативен и финансиски колапс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
komunalna-skopje-3

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ со обемно соопштение алармира за како што велат, критичната состојба во претпријатието, наведувајќи дека градот се соочува со сериозно намален капацитет за собирање и транспорт на отпад, додека институционалната блокада и некоординираноста со Градот Скопје довеле до целосен колапс во системот.

— реклама —

Од Одборот тврдат дека во изминатите четири години ги изгласале сите планови и програми предложени од директорите, со што ги демантираат обвинувањата дека го блокирале работењето на претпријатието

„Реализацијата на сите овие планови е законска обврска на директорите“, нагласуваат тие, додавајќи дека в.д. директорот Сабахадин Рустеми не постапил по нивните задолженија и барања за итно ангажирање на дополнителна механизација и координација со други јавни претпријатија.

— реклама —

Управниот одбор тврди дека повеќепати го алармирал Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за финансиската криза и намалениот капацитет на „Комунална хигиена“, но наместо реакција добивале „навредливи дописи и изјави полни со невистини“.

Како што се наведува, уште во 2023 година бил потпишан анекс на договорот со ЈП „Водовод и канализација“, со кој средствата од наплатата на граѓаните се префрлаат со задоцнување, што, според Управниот одбор, го довело претпријатието во тешка ликвидност.

„На овој начин ‘Комунална хигиена’ е доведена во позиција да не може да ги користи сопствените средства“, стои во соопштението.

Одборот најавува дека побарал поништување на анексот и покренал постапка за тужба против ‘Водовод и канализација’, како и вонредна ревизија од Државниот завод за ревизија.

„Ќе го дадеме максимумот за да се одржи минималната динамика на чистење на градот, но без кооперативност од Градот Скопје, нашите можности се ограничени“, завршуваат од Управниот одбор, предупредувајќи дека претпријатието се соочува со реален ризик од целосен финансиски и оперативен колапс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq4ptp7id9v761PaNVV7

Не спроведувал одлуки, се создавале диви депонии, се загрозила животната средина - обвинение за екс в.д. директорот на Комунална хигинена

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Комунална хигиена: Илјадници кубици нелегален отпад исчистени од скопските улици

Скопје | пред 3 седмици

media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Настани | пред 1 месец

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притвор за директорот на „Комунална хигиена“ и неговиот соработник – осомничени за загрозување на животната средина

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања