Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Црна Гора и Србија во жестока дипломатска расправија по изјавата на Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вистинска дипломатска расправија избувна меѓу министерствата за надворешни работи на Црна Гора и Србија, откако српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека нема да присуствува на прославата на 20 години од обновувањето на црногорската независност.

Вучиќ изјави дека со прославата се „слави отцепувањето од Србија“ и додаде дека со присуство на таков настан „би си плукнал во лице“.

— реклама —

На тоа реагираше црногорското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека Вучиќ продолжува со реторика што не придонесува за добрососедски односи.

— реклама —

Од Подгорица порачаа дека Црна Гора не се „отцепила“ од Србија, туку дека двете држави биле рамноправни членки на државната заедница по распадот на СФРЈ.

„Црна Гора не ја слави независноста против никого, туку слободно изразената волја на своите граѓани“, соопшти црногорското МНР.

— реклама —

Српското Министерство за надворешни работи возврати дека Белград нема да молчи пред „обидите за бришење на историската вистина“ и оцени дека Вучиќ само изнел лично мислење без навреди кон Црна Гора.

Потоа следуваше нова реакција од Подгорица, каде повторно беше нагласено дека прославата е посветена на слободата и правото на двете држави самостојно да одлучуваат за својата иднина.

Црна Гора на 21 мај ќе одбележи 20 години од обновувањето на независноста, а прославата ќе кулминира со концерт на Рики Мартин во Подгорица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ порача дека останува посветен на борбата за Србија

Балкан | пред 4 минути

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ предупредува: „Ќе воведат санкции кон Русија, а ќе го поништат и она што го направивме во ОН“

Свет | пред 3 дена

media-librarytdecq8cradmhb1hWE4m

(Видео) „Битка за смоки“ на митингот на Вучиќ во Ниш

Настани | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања