Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЦРТА: Неправилности на 29 отсто од избирачките места во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryf89n4cqrkavq39eMFdt
Foto: D.K./Bljesak.info

На парламентарните избори во Србија до 16 часот гласале 56,4 отсто од избирачите, соопшти набљудувачката мисија ЦРТА. Нејзините набљудувачи забележале неправилности на 29 отсто од избирачките места, кои се однесуваат на притисоци врз гласачите, членовите на избирачките одбори и набљудувачите.

— реклама —

Според ЦРТА, на 18 отсто од избирачките места биле забележани пропусти во постапката, додека на 17 отсто биле утврдени неправилности што го загрозуваат интегритетот на гласањето.

— реклама —

Меѓу најчестите неправилности се фотографирањето на гласачките ливчиња, забележано на 40 отсто од избирачките места, како и непочитувањето на обврската за употреба на УВ ламба, утврдено на 21 отсто од местата. Гласање без важечки документи било забележано на шест отсто од избирачките места.

Од ЦРТА предупредуваат дека и помалите неправилности можат да имаат значително влијание доколку изборниот резултат биде тесен.

— реклама —

Набљудувачката мисија пријавила и инциденти поврзани со нејзините набљудувачи. Меѓу нив се заплашување на набљудувачка во Земун и случај во Крагуевац, каде што непознато лице лажно се претставило како член на правниот тим на организацијата.

— реклама —

ЦРТА повторно ги повика политичките чинители и граѓаните да придонесат за смирување на тензиите и да се воздржат од каков било облик на насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања