Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа „Студентите победуваат“ најави дека веднаш ќе почне со активности за промени во институциите во Србија, барајќи оставки од високи полициски и безбедносни функционери, продолжување на законското работење на институциите и објавување на конечните резултати од парламентарните избори.

На прес-конференција во Пионирскиот парк во Белград, одржана на местото каде што до изборната ноќ се наоѓаше Ќациленд, претставниците на студентската листа ги повикаа вработените во државните институции, медиумите и компаниите да пријавуваат сомнителни активности, особено уништување документација.

— реклама —

За таа цел најавија отворање електронска адреса за пријавување неправилности, наменета за информатори од различни институции. Студентите порачаа дека граѓаните и вработените треба да помогнат во заштитата на институциите и спречувањето злоупотреби.

Меѓу барањата е и разрешување на повеќе полициски функционери, меѓу кои Марко Кричак, командантот на Жандармеријата Радосав Репац, командантот на Специјалната антитерористичка единица Игор Жмириќ и началникот на Полициската управа во Ваљево. Студентите побараа и смена на сите полициски службеници за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот, како и враќање на работните места на неоправдано отпуштените службеници.

— реклама —

Тие побараа итна и неотповиклива оставка од директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, како и од директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Владимир Орлиќ. Од раководството на Воената безбедносна агенција (ВБА) побараа оставка од директорот, прекин на притисоците врз службениците и новинарите и враќање на службата кон нејзините законски надлежности.

— реклама —

Студентската листа побара и оставка од високиот обвинителски функционер Ненад Стефановиќ, обвинувајќи го дека ја нарушил довербата на граѓаните во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Професорката Мирјана Николиќ го повика Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да преземе мерки против телевизијата „Информер“ поради, како што оцени, ширење говор на омраза.

Студентите, исто така, побараа Републичката изборна комисија (РИК) итно да ги објави конечните резултати од парламентарните избори, со што би се овозможило продолжување на постапката за конституирање на новиот парламент.

„Студентската листа дојде да им ги врати институциите на граѓаните. Секој што го прекршил законот мора да одговара во согласност со законот“, порачаа претставниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Повторно гласање на 53 избирачки места во Србија на 1 ноември

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
media-librarya7othna1j1jq5UJn4U9

Студентите во Србија: Можно е вечерва да се организира напад врз „Информер“ и вината да ни се префрли нам

Балкан | пред 23 часа

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

„Тајмс“: Вучиќ наводно планирал да ја задржи власта со сила, се откажал по притисоци од Европа

Балкан | пред 1 ден

media-librarycq89msihfn42cCaGoG4

Пречки и барања се редат за Србија: Веднаш по изборите, ултиматум од соседството: Нема членство во ЕУ додека не ги предадете тајните досиеја

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања