Промени тема
Контакт

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е се уште активен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pozar-zgrada-cair-2

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума - сите се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.

— реклама —

Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека од 01.50 часот на ден втори октомври со 20 пожарникари и седум противпожарни возила интервенираат поради запален магацин на улицата „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.

— реклама —

Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата, велат од ЦУК.

— реклама —

Од Итната медицинска помош во 14.25 часот, известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ.

— реклама —

Во 06.00 денеска е добиена информација дека пожарот се уште е активен и во моментов на терен се три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожар под Раштак, гори сува трева и нискостеблеста шума

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Два активни пожари на отворен простор во Гази Баба и Прилеп

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Гори плац со хаварисани возила во Тетово, густ чад се шири во околината

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања