Промени тема
Контакт

ЦУК со најнова вонредна информација: Интервенции низ земјата по поројните дождови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarynnshbt96p51b6MiXHZU
AI - ИЛУСТРАЦИЈА

Обилните врнежи од дожд во изминатиот период предизвикаа излевања на реки, поплави на земјоделски површини и локални оштетувања на инфраструктурата на повеќе локации низ Република Македонија, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата регистрирана до 9 часот утрово.

Во кочанскиот и штипскиот регион, кај Оризарска река во селото Грдовци е забележано излевање, при што ЈП Водостопанство „Брегалница“ интервенира со багер гасеничар, а механизацијата сѐ уште е на терен. Од понеделник е најавен почеток на чистење на речното корито од Грдовци кон Оризари, со цел спречување на идни несакани последици. Сообраќајот на патниот правец Кочани – Грдовци е нормализиран, додека на повеќе патишта во источниот дел се појавуваат одрони кои екипите на „Македонијапат“ континуирано ги расчистуваат.

Во Битола, во населбата Стрчин, КЈП „Нискоградба“ интервенира со механизација за отстранување на нанос од чакал и земја. Во селото Кравари има заезерени земјоделски површини, но без опасност по објектите, додека во Жабени и Породин се евидентирани поплавени ниви, при што ЈП Водостопанство интервенира на Жабјанска река. Елешка река исто така е излеана, со поплавени земјоделски површини, а надлежните служби информираат дека нивото на водата во реките е во опаѓање.

— реклама —

Во ресенскиот регион, поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање јаболка. Нивото на Голема река е значително намалено, од 2,20 на 1,40 метри, а екипи од локалната самоуправа, „Македонијапат“ и ЈКП „Пролетер“ вршат обиколка и проценка на терен. Според ЦУК, состојбата таму е нормализирана.

Во Крушево, поради поројните врнежи, водата за пиење е заматена и на граѓаните им се препорачува истата да се преврива најмалку 10 минути. Нивото на Црна река кај селото Бучин е покачено, но водата се повлекла од местата каде што претходно била излеана. Екипи од ЈП „Комуна“, Територијалната противпожарна единица, општината и други надлежни служби работат на зајакнување на насипите кај критичните точки.

— реклама —

Во Демир Хисар, локалниот пат кон селото Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост на Боишка река, а надлежните служби ја обезбедуваат локацијата. Во прилепските села Лажани и Пешталево се пријавени поплавени дворови и приземни простории, како и штети на тутун, при што интервенираше градежна механизација за расчистување на неисчистените канали.

— реклама —

Во тетовскиот регион, патот кон Бање Тетово е исчистен, но сообраќајот е забранет од страна на СВР Тетово од безбедносни причини. Патиштата кон селата Жерма и Бродец се проодни, а состојбата во селото Стримница, општина Желино, континуирано се следи од надлежните служби.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојбата на теренот постојано се следи и дека институциите остануваат во подготвеност за навремено реагирање доколку се појават нови ризици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Активен пожар во шумата кај Белица, ЦУК регистрираше 11 пожари во текот на ноќта

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryi7euruiefaci1lVfymN

36 пожари во изминатото деноноќие – 3 активни, 5 под контрола

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожарот на Скопска Црна Гора најкомплексен за гаснење, вклучен и полициски хеликоптер

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

18 пожари на отворено до 13 часот, осум и натаму активни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања