Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЦУК со пресек на пожарите: Еден под контрола, два изгаснати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
1120507507
Илустрација

Во текот на денешниот ден, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно три пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Од нив, нема активни пожари, еден пожар е под контрола, додека два се целосно изгаснати.

— реклама —

Пожарот кој е под контрола е на подрачјето на општините Македонски Брод и Сопиште, поточно во месноста Кајорец кај селото Белица, од каде што се проширил кон Јасен. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати уште два пожари. Во општина Липково, кај селото Оризаре, горело стрниште, додека во општина Желино, кај селото Групчин, бил регистриран пожар на ѓубриште.

Од ЦУК наведуваат дека во моментов нема активни пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања