Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Цветков: Состојбата во земјоделството е алармантна, земјоделците се на раб на егзистениција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryr3kft60cj96o1n9U6Mk

Пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната седница за пратенички прашања оцени дека земјоделството се наоѓа во најлоша состојба во последните години и побара одговорност од Владата за, како што рече, катастрофалната состојба во секторот.

— реклама —

Во отсуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветков прашањето го упати до заменик-министерот Албрим Хоџа.

Тој обвини дека земјоделците, сточарите, тутунарите, лозарите, овоштарите и оризопроизводителите се соочуваат со ниски откупни цени, доцнење на субвенциите и високи производствени трошоци.

— реклама —

„Земјоделството никогаш не било во полоша состојба. Нема гранка каде што нема проблем – секаде хаос и неизвесност“, изјави Цветков.

— реклама —

Според него, Владата ги намалила субвенциите за земјоделците за 40 милиони евра, а дел од мерките воведиле построги критериуми поради кои, како што рече, многу мали земјоделци останале без право на субвенции.

Тој посебно реагираше на состојбата со тутунопроизводителите, тврдејќи дека субвенциите биле намалени од 100 на 80 денари за килограм, а исплатите доцнат.

— реклама —

„Покажавте дека ниту имате капацитет, ниту волја да го развивате земјоделството и да им помагате на земјоделците“, рече Цветков, прашувајќи кој ќе понесе одговорност за состојбите во секторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања