Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Д-р Ненад Лазаров: „Не треба да се фалите и да се фотографирате со луѓето на кои им помагате“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
20230503092858

Докторот Ненад Лазаров реагираше на начинот на кој се промовира хуманитарната помош, порачувајќи дека помагањето на сиромашни, болни и луѓе кои се наоѓаат во тешка состојба не треба да биде повод за јавно фалење и фотографирање со оние на кои им е потребна помош.

„Кога се дава и помага на сиромашни, болни луѓе, во мака, не се сликаш со луѓето на кои си помогнал, не се фалиш и чаламиш, ниту очекуваш нешто за возврат“, напиша Лазаров во објава.

— реклама —

Тој остро го критикуваше, како што вели, јавното фотографирање при донирање помош, посочувајќи пример со донирање училишни ранци.

— реклама —

„Вразумете се, срамота е со 20-30 донирани училишни ранци да се сликате“, порача Лазаров, додавајќи дека граѓаните секојдневно се соочуваат со ситуации во кои мора да бараат помош за основни потреби, како храна и облека.

— реклама —

Според него, во вакви ситуации најважно е да се зачува човечкото достоинство на оние на кои им е потребна помош.

„Дајте базично човечко достоинство да зачуваме!“, напиша Лазаров.

Тој дополнително посочи дека ваквото однесување е уште посоодветно за критика кога станува збор за донации што се обезбедуваат со јавни средства.

„Особено не кога „донирате“ од заедничките пари“, порача Лазаров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

20230503092858

„Не постои промаја туку нефер луѓе кои шетаат болни“: Доктор Лазаров откри на што треба да внимаваме при промена на времето

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
20230503092858

„Наместо пари за шарлатани, однесете го детето во природа“, д-р Лазаров за алтернативните третмани за аутизам

Коментари | пред 1 месец

20230503092858

„Мандатот е истечен, избори нема – да ја прогласиме Калина за доживотен претседател?“, вели докторот Лазаров со остри обвинувања за Лекарската комора

Македонија | пред 2 месеци

20230503092858

„Во нашава држава ќе дојде ред да треба да му се извинуваме што сме галамеле на ликови ко Филипче и Кочо и зајакот“, Доктор Лазаров по одлуката на ОЈО за модуларните болници

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања