Промени тема
Контакт

„Мандатот е истечен, избори нема – да ја прогласиме Калина за доживотен претседател?“, вели докторот Лазаров со остри обвинувања за Лекарската комора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
20230503092858

Остри критики кон раководството на Лекарската комора упати докторот Ненад Лазаров, кој преку јавна објава го постави прашањето зошто не се распишуваат избори иако, според него, мандатот на актуелното раководство е истечен.

Лазаров реагира дека состојбата во Комората трае предолго и со ироничен тон предлага промена на статутот со која актуелната претседателка Калина би била прогласена за доживотен претседател, заедно со делегатите.

„Мандатот е истечен, избори не се распишуваат, ако не, па да смениме во статут Калина да е доживотен претседател заедно со тоа делегатите?“, напиша Лазаров.

Тој најавува дека, како што вели, сите случаи на криминал ќе ги објави пред јавноста, со посебен акцент на периодот на пандемијата со ковид-19.

— реклама —

„Лично ви давам збор дека секој криминал, особено од ковидот, ќе ви биде изваден пред цела јавност!“, наведува докторот.

Лазаров истовремено ги повикува вработените во Лекарската комора кои, според неговите тврдења, имаат информации за наводни криминали, манипулации или други неправилности, да стапат во контакт со него.

— реклама —

„Додатно ги повикувам вработените внатре во Комора кои имаат информации за криминали, манипулации и сл., да ме контактираат, со задоволство јас ќе ги објавам“, порача тој.

Лазаров смета дека актуелната состојба во Комората мора да се промени и најавува дека, според него, на ваквиот начин на функционирање наскоро ќе му дојде крајот.

— реклама —

На крајот, докторот ги прозва и медиумите и новинарите, прашувајќи зошто состојбите во Лекарската комора не се тема во јавноста.

„И да ги прашам медиумите и новинарите, зошто ова не ви е тема?“, напиша Лазаров.

media-libraryvthaqnmagofndPyxnmX

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

20230503092858

„Во нашава држава ќе дојде ред да треба да му се извинуваме што сме галамеле на ликови ко Филипче и Кочо и зајакот“, Доктор Лазаров по одлуката на ОЈО за модуларните болници

Македонија | пред 6 дена

media-librarynr2pk2vhf3h6erlZIly

Д-р Ненад Лазаров: Палминото масло не е најголемиот проблем, измамите и лажното декларирање се многу посериозни

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-16.07.19

„Мафија на лажни просјаци“ дејствува околу Клиничкиот центар во Скопје, алармира доктор Лазаров

Коментари | пред 6 месеци

media-libraryd8b47pvfua35c6nHj0D

(Видео) Не свирете кај Клинички, не го решавате метежот а создавате дополнителен стрес кај најранливите, алармира доктор Лазаров

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања