„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Да имаше Македонија способна влада немаше да направи договор со Бугарија во време на паѓање на најпрозападната влада“, вели Димовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
Iliaja-dimovski

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека неспособни водат политика.

— реклама —

"Неспособни почетници во надворешната политика направија договор со Бугарија во време на паѓање на најпрозападната влада што некогаш Бугарија ја имала во својата модерна историја.

Таа влада на Петков ја прекина врската со Газпром, избрка над 70 руски дипломати, помагаше со оружје и репарации на оружје кон Украина, даде сериозна поддршка на проектот за градење на ЛПГ пункт во Александрополи и склучи договори за набавка на огромна количина на софистицирано западно оружје.

— реклама —

Следствено на тоа доби и небалансирана поддршка и разбирање од западот за своите барања кон Македонија.

Падна таа влада и на власт во Бугарија дојдоа други структури кои немаат ни пола од разбирањето од западот што го имаше Петков и неговиот кабинет. Оваа нова влада на Бугарија веднаш се зафати со делумна реверзибилност на политиките на Петков. Но, тоа се знаеше дека ќе се случи и не беше изненадување неговото заминување од власт.

Да имаше Македонија способна влада и сериозни политичари немаше да склучува договор со власт во Бугарија која ја имаше целата западна поддршка и разбирање, туку ќе почекаше неколку месеци (лесно видливо и очекувано) за да седне на маса за разговор со влада на Бугарија кон која западните моќни држави ќе имаа порезервиран став и однос. Резултатот од таквиот однос ќе беше секако поповолен кон Македонија.

Билатералните прашања и проблеми никако не смееше и не смее да бидат дел од мултилатералните интереси и на Македонија и на другите држави, но нашата влада не разбра колку е тоа важно", се вели во објавата

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

Владата ги надмина своите ингеренции, го прекрши Уставот, мора да сноси одговорност и не смее да врши притисок врз Собранието, вели Димовски

Коментари | пред 2 години

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Димовски до Османи: Нема потреба да се трудите да бидете професор, ако е точно тоа што го зборувате поништете ги протоколите со Бугарија

Коментари | пред 2 години

Iliaja-dimovski

Денес за Македонци во Уставот на Бугарија никој не спомна ни збор, а ние очите си ги вадиме меѓу себе, вели Димовски

Коментари | пред 2 години

ilija-dimovski

Димовски: Можеше да ја ограничат цената на струјата што ја произведуваат и со која тргуваат во фирмите на нивните жени, деца, татковци

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања