Илија Димовски реагира дека меѓу бројните аргументи против строгата регулација за пушењето, особено загрижува фактот што има луѓе на кои им пречи забраната за пушење пред сопствените деца во автомобил.
„Навистина не можам да се изначудам дека постојат лица на кои им смета забраната да пушат пред своите деца – во автомобил. Во простор од два кубни метри. Во два кубни метри со сопствените деца, тие инсистираат да пушат цигари“, наведува Димовски.