Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Димовски до Османи: Нема потреба да се трудите да бидете професор, ако е точно тоа што го зборувате поништете ги протоколите со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Нема потреба од мачење господине Bujar Osmani, нема потреба да се трудите да бидете некаков професор. Сите ние добро ја читаме и познаваме и преговарачката рамка и европската патека на Македонија, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледам денес се трудите да го намалите значењето и местото на Договорот за добрососедство со Бугарија и катастрофалните протоколи од 2019 и 2022 година

во процесот на наше зачленување во ЕУ и во преговарачката рамка кои вие ги прифативте (едниот документ е и со ваш потпис).

Од која мака господине министер?

— реклама —

Зар дури денес ја разбравте штетноста на тие три документи кои ги прифативте, иако ви беше издробено и објаснето како на деца од осмолетка, колку се штетни?

Нели бевте горди на тие документи?

Нели беа достигнувања?

Од каде сега не убедувате дека не се воопшто значајни во преговарачката рамка токму тие документи?

Нели тешките компромиси со Бугарија, кои ни ги фалевте, беа влезница и откочивање за почеток на преговори со ЕУ?

— реклама —

Нели токму тие документи не донесоа поблизу до ЕУ?

Нешто не е во ред? Нешто се смени или пак треба нешто да се скрие од македонскиот народ и граѓаните на Македонија?

...

Еве ви еден предлог, не дека ќе го прифатите, туку со неприфаќањето да биде јасно дека и денес не зборувате искрено:

— реклама —

Ако е точно сето тоа што го зборувате денес, господине министер, поништете ги протоколите со Бугарија и повлечете се од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Само така ќе докажете дека денес достојно ја зборувате вистината.

Штом се безначајни, како што тврдите вие, тие три документи во преговарачката рамка, ниту една европска институција или европска држава нема да има аргументи да се лути, да замери или да не блокира заради таква одлука на Република Македонија.

Нема никој да се побуни за толку незначајни документи.

Нели, логично е?

— реклама —

Или пак си играте маркетинг на сметка на македонските национални прашања?

...

А доколку, господине Bujar Osmani, почнувате да разбирате дека политичкото насилство кое беше направено врз македонскиот народ и мнозинството граѓани на Република Македонија во последните 5 години нема да даде никаков добар плод, тогаш е време да се извините за сите одлуки кои вие ги донесовте, а се однесуваат на идентитетските и културолошките засебности на македонскиот народ, без никаква согласност од тој народ“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Османи: Законот за правична застапеност ќе биде еден од најцрните денови за меѓуетничките односи

Коментари | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Бујар Османи бара итно разјаснување за наводите дека Стоилковиќ е поврзан со српските служби

Коментари | пред 1 месец

osmani

Османи: Околу 250 илјади граѓани имаат бугарски пасоши и индивидуално уживаат во правата на ЕУ

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања