Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

,,Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав", вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryckc61bce1rp66kmBoVZ

СДСМ денеска преку портпаролката Богданка Кузеска на прес-конференцијата порача дека Македонија се наоѓа пред клучен момент за својата европска иднина и дека државата не смее да ја пропушти шансата за членство во Европската Унија.

— реклама —

На прес-конференција, Кузеска оцени дека процесот на проширување повторно станал геостратешки приоритет на Европската Унија и предупреди дека доколку Македонија остане надвор од тој процес, ризикува долгорочна изолација, економска стагнација и дополнително иселување на младите.

Таа посочи дека земјите од регионот веќе напредуваат на европскиот пат, споменувајќи ги Црна Гора и Албанија како примери за држави кои бележат напредок во пристапните процеси.

— реклама —

Кузеска рече дека младите се разочарани од состојбите во државата и дека се потребни конкретни чекори и системски промени, а не само политички пораки.

— реклама —

Во обраќањето, таа го повтори повикот на претседателот на партијата, Венко Филипче, до премиерот Христијан Мицкоски за заедничко изгласување на уставните измени.

Според Кузеска, внесувањето на малцинствата во Уставот е европско, а не билатерално прашање, додавајќи дека македонскиот идентитет, јазик и култура не се загрозени.

— реклама —

Таа истакна и дека СДСМ не го поддржува концептот за придружено членство без полноправно членство во Европската Унија, нагласувајќи дека партијата се залага исклучиво за целосна интеграција на Македонија во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања