Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Бугарски лекари ќе ја прегледаат Ива Михаилова во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

За Ива Михаилова, која поседува македонско и бугарско државјанство, ќе биде организиран медицински преглед од бугарски специјалисти во соработка со македонски лекари. Македонија дала согласност за прегледот, соопшти бугарскиот пратеник Иван Голомеев од „Прогресивна Бугарија“, пренесува БТВ.

— реклама —

Според неговите информации, официјалната согласност била доставена на 5 октомври, додека бугарската амбасада била известена на 6 октомври. Следно треба да се определат медицинските специјалисти од Бугарија и да се усогласат деталите за заедничкиот преглед.

— реклама —

Михаилова е обвинета во Македонија за тешко кривично дело поврзано со сообраќајна несреќа што се случила во близина на Кочани во октомври 2025 година. Во несреќата загина едно лице, а повеќе лица биле повредени, меѓу кои и Михајлова.

По несреќата, на Михаилова ѝ биле одземени личните документи, поради што не можела да отпатува во Бугарија за лекување. Бугарската страна претходно барала да ѝ се овозможи потребната медицинска помош, додека македонските власти укажале дека случајот е во надлежност на судството.

— реклама —

Апелацискиот суд во Штип на 20 август ја потврдил одлуката на Основниот суд во Кочани со која било одбиено барањето за лекување во Бугарија.

Од „Прогресивна Бугарија“ сега бараат медицинскиот преглед да се организира во најкус можен рок, а врз основа на наодите да се обезбеди и потребното лекување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypahl16ohled97wEqJfP

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, следното рочиште е на 9 ноември

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarydr7epah2tuecantLr1W

Констатирани се прекршоци во случајот со докторот Барбов и Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

media-library9rhel10svh4u4VW869B

„Случајот со Ива Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата“, рече Клековски по посетата на Софија

Македонија | пред 1 седмица

media-library8c05lh8p2tn57MS9a24

„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието“: Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер за случајот со Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања