Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните“, вели Дојчиновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryid6fhi91uhodfApVM7w

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) денеска на прес-конференција на Кристијан Дојчиновски побара Владата јавно да соопшти колку средства ќе бидат потрошени за концертот на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета по повод Денот на независноста.

На прес-конференција, Кристијан Дојчиновски од СДММ обвини дека Владата не дава одговори за финансиските детали поврзани со организацијата на настанот.

— реклама —

„Граѓаните плаќаат, а Владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста“, рече Дојчиновски.

Од СДММ побараа да бидат објавени сите детали околу договорот, начинот на избор на организаторот и изворот на финансирање.

— реклама —

Според партијата, настапот на Гета чини најмалку еден милион евра, без дополнителните трошоци за бина, озвучување, обезбедување и останати придружни активности.

— реклама —

Дојчиновски постави прашања и за улогата на Авалон Продукција во организацијата на државниот настан, како и за продажбата на билетите преку компанијата.

„Фирмите кои се занимаваат со ваков тип на настани веќе шпекулираат дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра, а може да достигне и до 5 милиони евра“, изјави тој.

— реклама —

Од СДММ порачаа дека не се против концерти и прослави, туку против, како што наведоа, нетранспарентно трошење јавни пари и можни злоупотреби.

„Независноста на државата треба достоинствено да се одбележува, а не со сомнежи за криминал и матни договори“, истакна Дојчиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhendcn0b6sfc8YBJUlg

(Видео) „Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги претвори во профит за дата центри“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhendcn0b6sfc8YBJUlg

„Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата-центри“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryi97idn2pl1597XaAT5w

„СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvgeqf0597udn7fWiI93

Дојчиновски: Ова се ботовите на ВМРО-ОКГ!

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања