Промени тема
Контакт

„СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?“, вели Дојчиновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryi97idn2pl1597XaAT5w

На денешната прес-конференција, Кристијан Дојчиновски повторно упати повик до Јавното обвинителство да отвори истрага за, како што тврди партијата, сомнителна тендерска мрежа вредна над 100 милиони евра, во која едни исти компании добивале милионски договори од институции и општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

На прес-конференција, Дојчиновски истакна дека Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објавил информации според кои компаниите „Ленди Груп“, „Пирамид Билдинг Солушнс“ и „Масев“ добиле повеќе од 200 тендери во изминатите две години.

— реклама —

Според него, „Ленди Груп“ добила 74 тендери, „Пирамид Билдинг Солушнс“ 51 тендер, а „Масев“ дури 93 тендери, при што во голем број од постапките како фирми за надзор и проектирање се појавувале „МГ Проект“ и „МБМ Архитекти“.

„Дали е сето ова случајно? Секако дека не е случајно. Колку уште докази треба да се објават за конечно Јавното обвинителство да започне истрага?“, праша Дојчиновски.

— реклама —

Тој оцени дека станува збор за средства на граѓаните и порача дека СДСМ ќе продолжи да ги објавува, како што рече, сите сомнежи за корупција и злоупотреба на јавните пари.

— реклама —

Воедно, од партијата ги повикаа граѓаните да пријавуваат евентуални случаи на криминал и корупција преку дигиталната платформа „micko.mk“, нагласувајќи дека борбата против корупцијата ќе остане еден од нивните главни приоритети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygblplnp5pulbcHEQ0Th

(Видео) „Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 - Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryhendcn0b6sfc8YBJUlg

(Видео) „Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги претвори во профит за дата центри“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhendcn0b6sfc8YBJUlg

„Мицкоски сака водата и струјата на граѓаните да ги продаде за профит на странски дата-центри“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryid6fhi91uhodfApVM7w

„Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните“, вели Дојчиновски

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања