Промени тема
Контакт

Дали ChatGPT нè прави помалку способни да размислуваме?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ
Photo by Emiliano Vittoriosi on Unsplash

Прекумерното потпирање на генеративната вештачка интелигенција, како што се ChatGPT, Claude и Gemini, може да има негативно влијание врз меморијата, критичкото размислување и способноста за донесување одлуки, покажуваат најновите научни истражувања.

Според американско-британска студија спроведена на 1.222 испитаници, користењето алатки со вештачка интелигенција при решавање математички задачи и вежби за разбирање текст носи подобри резултати на краток рок, но ја намалува подготвеноста за самостојно решавање проблеми кога овие алатки не се достапни.

Истражувачите предупредуваат дека токму истрајноста е еден од најважните предуслови за стекнување знаење и долгорочно учење. Според главната авторка на студијата, Грејс Лиу од Универзитетот „Карнеги Мелон“, брзите одговори што ги нуди вештачката интелигенција им ги одземаат на луѓето можностите сами да учат и да развиваат вештини.

— реклама —

Слични заклучоци покажува и истражување на МИТ од 2025 година, според кое студентите што користеле генеративна вештачка интелигенција за пишување есеи покажале послаби способности за критичко размислување.

— реклама —

Експертите предупредуваат на појавата позната како „когнитивно растоварување“, односно сè почесто препуштање на интелектуалните задачи на технологијата. Според психологот Јохан Шевалере од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), мозокот природно се стреми да штеди енергија, па ако одредени ментални активности долго време не се практикуваат, со текот на времето тие можат да ослабат.

Како одговор на овие предупредувања, технолошките компании почнаа да воведуваат нови функции во своите чет-ботови. Така, ChatGPT има „режим за учење“, а Google Gemini нуди „водено учење“, при што, наместо директен одговор, системите поставуваат прашања и ги насочуваат корисниците сами да дојдат до решението.

— реклама —

И покрај загриженоста, научниците нагласуваат дека сè уште недостигаат долгорочни истражувања кои би го покажале целосното влијание на генеративната вештачка интелигенција врз човечкиот мозок. Затоа препорачуваат овие алатки да се користат како помош, а не како замена за сопственото размислување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycb32faq7ode8evt2lDv

Новата Meta AI апликација за Mac го менува начинот на кој ги користиме компјутерите

Технологија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN

Експертите предупредуваат: Преголемото потпирање на AI може да ги ослаби нашите способности

Магазин | пред 1 месец

media-libraryc2p0qnnvf5bd2I5FxAq

Трошоците за вештачка интелигенција растат, инвеститорите стануваат сè позагрижени

Свет | пред 1 месец

media-librarydndrt9on4snacpK42Iq

Anthropic откри безбедносен пропуст: AI моделите пристапиле до реални интернет-системи

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања