Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
siljanovska-radev-1

Коалицијата „Прогресивна Бугарија“ предводена од Румен Радев победи на парламентарните избори и обезбедува мнозинство во новиот состав на бугарскиот парламент. Резултатот повторно го отвора прашањето каков ќе биде односот на Софија кон Скопје во наредниот период.

— реклама —

Според поранешниот македонски амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев, суштински промени во бугарскиот пристап кон Македонија не се очекуваат, без разлика која политичка опција е на власт. Тој оценува дека бугарските политички фактори остануваат обединети околу клучните позиции поврзани со македонското прашање.

— реклама —

„Ниту еден бугарски политичар не може да излезе од таа матрица кога станува збор за Македонија“, вели Ѓорчев, посочувајќи дека во Софија постои континуитет во ставовите околу идентитетските и историските прашања.

— реклама —

Тој додава дека, за разлика од Бугарија, во Македонија недостасува политичко единство околу националните позиции во однос на овие прашања, што, според него, ја отежнува преговарачката позиција на земјата.

— реклама —

Победата на Радев, според анализите, не се очекува да донесе радикален пресврт во билатералните односи, туку повеќе продолжување на веќе воспоставените позиции, со фокус на европската рамка, но и на заштита на бугарските национални интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Haker-2-620x350

Бугарија откри петгодишен хакерски напад: Украдени 130 гигабајти документи од државни институции

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
britanski-brod-crno-more

Товарен брод со речиси три тони пченица потона во Црното Море кај Бугарија, спасени сите 12 членови на екипажот

Балкан | пред 4 дена

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 1 седмица

jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања