Данела преку Град Скопје и натаму се пресметува со Мицкоски, а на скопјани не им одговара и ги игнорира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Додека десетици мејлови со прашања од „Скопје1“ поврзани со проблемите на скопјани стојат неодговорени во мејл-сандачето на Град Скопје и телефонот на градоначалничката Данела Арсовска, таа вината сака да ја префрли на Советот и себеси да се амнестира. Во јавноста е познато дека Советот чие мнозинство го има ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска имаат недоразбирања кои не можат да ги надминат, но Арсовска иако не може да го реши ова, не се повлекува од функцијата. Дотолку повеќе што градот е нефункционален и во делот каде Советот не игра никаква улога.

— реклама —

Во новото соопштение, Арсовска пак му се обраќа на Мицкоски, кој пак, име не и споменува и целосно ја игнорира. На медиумите им посочува и што е наслов на текстот па во дописот стои: „НАСЛОВ: Мицковски излези од деструктивниот филм и деблокирај го Скопје“

— реклама —

„Мицковски нема кредибилитет да зборува за кадровска политика. Особено не откако назначи бивш затвореник за заменик директор на затвор. Или кога назначи главен ревизор за ЕУ фондови, па го разреши за неколку дена.

— реклама —

Мицковски нема кредибилитет да зборува за ветувања, особено не откако го призна Преспанскиот договор за реалност, иако три години ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го врати името.

Мицкоски повеќе од 2 години е власт во градот Скопје, а сега и во Македонија, затоа наместо да нарачува и да се крие позади партиски соопштенија полни со клевети, уште еднаш го повикуваме да престане со две ипол годишната деструктивна политика на целосна блокада на главниот град преку неговите управни одбори и советници. Ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот совет наредбата наместо да се блокира да биде да гласаат за спроведување на проектите кои Арсовска и Мицковски заедно ги ветија на граѓаните.

Мицковски можеше и сеуште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Се што треба да направи за да го одблокира градот е да испрати СМС порака на неговите експоненти во градот од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата.

И за крај, Владата четврта година по ред ја нема платено обврската кон ЈСП за студентскиот стандард. Наместо тоа, еве сега има можност да плати рата за автобусите на Шилегов за кои ВМРО-ДПМНЕ гласаше тој да ги набави“, пишува Град Скопје.

Вчера, Арсовска избега од нашата екипа и од прашањата на скопјани.

se6P7_TYmlo

 

ПОВЕЌЕ НА ТЕМАТА ТУКА

https://skopje1.mk/archives/tag/%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Македонија | пред 3 месеци

media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

Скопје | пред 3 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје | пред 6 месеци

IMG_2106ll

Мицкоски за Арсовска: Државата има институции, нека постапуваат

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања