Промени тема
Контакт

Дарко Костовски до ДУИ: Бутел нема да биде полигон за етнички политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library0ep7t789gno8eLCDM1k

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, реагира на, како што наведува, интензивните критики од раководството на ДУИ во последните неколку дена, поврзани со запишувањето ученици во основните училишта во општината.

Костовски во објава на социјалните мрежи посочува дека, согласно Законот за основното образование и утврдената реонизација, учениците се запишуваат според реонот на основното училиште. Според него, од Општина Бутел се бара да постапи спротивно на овие правила, односно во училиштата да бидат примени деца од други општини.

„Бутел не е и нема да биде полигон за етнички политики!“, порача Костовски, обвинувајќи ја ДУИ дека едно административно и законско прашање се обидува да го претвори во етничко.

Градоначалникот вели дека особено е неприфатливо, како што наведува, во политичките пресметки да се користат децата и да се создаваат етнички тензии.

— реклама —

Костовски додава дека ги разбира родителите кои сакаат нивните деца да посетуваат квалитетни училишта, но нагласува дека институциите мора да ги почитуваат законските правила еднакво за сите.

„Во Бутел нема ‘наши’ и ‘ваши’ деца. Има деца кои заслужуваат еднаков третман, квалитетно образование и институции што работат според закон и исти правила за сите“, наведува градоначалникот.

Во објавата тој се осврнува и на, како што тврди, интересите на „урбаната мафија“, посочувајќи дека зад политичките поделби гледа и интереси поврзани со градежниот сектор и слободните површини во општината.

— реклама —

Костовски вели дека неговата визија за Бутел е развој со план, повеќе зеленило, училишта, градинки и спортски терени, наместо, како што наведува, „урбанистичко дивеење“.

На крајот тој порачува дека Бутел нема да се дели по етнички линии, ниту ќе се развива според нечии бизнис-интереси, туку „по закон и во интерес на сите негови граѓани“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8ni6tkf1d5imcRPKzV2

(Видео) По две децении Серава добива нов лик: во завршна фаза е уредувањето на коритото и новата пешачка патека

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynfoninapgqpkdStdocW

Активен пожар на депонијата во Визбегово, жариштето во Демир Хисар е под контрола

Скопје | пред 2 месеци

media-library76j1h4pu2b0qbgRKhtw

Млад скопјанец е лицето кое демолираше 11 гробови во Бутел, полицијата го уапси

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryce7udbib0esm7QeJQLs

Од депонија до мега парк: Бутел добива нова зелена оаза на 8.000 квадратни метри

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања