Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Демократски сојуз: Многу брзо војната ќе заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
demokratski-sojuz

Демократски сојуз укажува на потребата од единство и ги повикува сите партии „да покажат државничко однесување и да не создаваат непотребна паника и страв кај граѓаните, користејќи ја војната на Блискиот Исток (Иран) за дневно политички поени“.

— реклама —

„Негативните рефлекси се присутни насекаде во светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат и се создава нервоза и психоза на несигурност, при што на вакви состојби најчувствителни се пазарот и берзите, но и вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенси итн“, велат од Демократски сојуз.

„Многу брзо војната ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во Украина.

— реклама —

Македонија треба и натаму да ја следи политиката на САД и ЕУ, водејќи сметка за нашите стратешки и национални интереси.

Во овие турбулентни времиња и геостратешки и безбедносни раздвижувања, неопходно е разумно, одговорно и трпеливо однесување“, се додава во соопштението на Демократски сојуз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Контролата на медицински канабис затаила, потребни се итни законски промени

Македонија | пред 1 месец

izbori

ЛДП и ДС се за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува

Македонија | пред 9 месеци

demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Македонија | пред 1 година

demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Етно-национализамот е поттикнат од опозиционите партии

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања