Промени тема
Контакт

Денеска делови од Скопје без струја, во сабота следуваат прекини на водоснабдувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека, според известувањето од ЕВН Македонија, денеска (10 јуни) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од главниот град и неговата околина.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот, прекин на снабдувањето со струја ќе имаат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, во реонот околу кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и околните објекти.

Од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на селото Долно Соње, односно корисниците на улиците 6, 8 и 12.

— реклама —

Прекин на струјата од 09:00 до 15:00 часот е најавен и за дел од потегот од Рибилимус кон Горно Оризари и селото Мирковци.

— реклама —

Воедно, ЈП „Водовод и канализација“ најави дека на 13 јуни ќе има прекини во водоснабдувањето поради санациски зафати на водоводната мрежа.

Поради поправка на затворач Ф-300 на крстосницата меѓу булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Отокар Кершовани“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работните активности.

— реклама —

Исто така, поради поправка на два затворачи Ф-600 и Ф-300 на Кеј „Димитар Влахов“, без вода ќе останат корисниците во тој реон, исто така од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

EVNzgrada

Како е спроведена набавката на електрични броила која се најде во партиски препукувања деновиве?

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
close-up-burning-lamp-dark-copy-space

Без струја делови од Радишани во текот на денот

Скопје | пред 3 седмици

evn-rabotnici

Дел од Карпош денес без струја до 15 часот

Скопје | пред 4 седмици

struja-4

Денес прекин на струјата во Гази Баба

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања