„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Во недела, на 2 ноември 2025 година, се одржува вториот круг од локалните избори во Република Северна Македонија, каде што гласачите ќе ги изберат градоначалниците во општините каде што во првиот круг никој кандидат не освои доволен број гласови.

— реклама —

Кампањата за вториот круг заврши ноќеска на полноќ а изборниот молк трае до затворање на избирачките места.

— реклама —

Вториот круг ќе се одржи во 32 општини и во Град Скопје и тоа:Град Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Центар.

— реклама —

Право на глас во вториот круг имаат 1 013 375 граѓани.

— реклама —

Гласањето почнува во 07:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.

Денеска, ден пред гласањето за вториот круг од локалните избори, 2025 година, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови.

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.

Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен набљудувач.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IZBORI-GLASANJE2

Најстариот гласач има 107 години, највозрасниот кандидат за градоначалник има 79, а најмладиот 23 години

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypk694qq6ohcvb8cC1Cv

Лекари, пратеници, професори, адвокати, новинари, од нив само 10 проценти жени ќе учествуваат во локалната трка

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања