Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Косово денеска гласа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Во Косово во 7:00 часот започна гласањето на вторите парламентарни избори оваа година.Изборите се повторуваат откако по гласањето на 9 февруари ниту една политичка опција не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.

— реклама —

Иако Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Аљбин Курти, освои најмногу гласови, не беше формирана нова влада.

— реклама —

Во изборната трка за 120 пратенички места 100 за албанските партии, 10 резервирани за српската заедница и уште 10 за другите малцинства – учествуваат 1.180 кандидати од 24 политички субјекти. Меѓу нив има 18 партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Право на глас имаат 2.076.290 регистрирани избирачи. Од нив, 1.999.205 ќе гласаат на избирачки места во Косово, додека 77.085 граѓани се регистрирани за гласање по пошта од дијаспората.

— реклама —

Изборите ќе го одредат составот на 120-членото Собрание на Косово, кое се избира за четиригодишен мандат. Дваесет од местата се загарантирани за претставници на етничките малцинства – 10 за српската заедница и уште 10 за други малцинства, вклучувајќи Бошњаци, Турци, Роми, Ашкалии, Египќани и Горани.

Од исходот на изборите ќе зависи идниот состав на владата и политичката стабилност на Косово, дијалогот со Белград, и односите со меѓународната заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5dqtmqk50t1bxa0Pv5

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од магацин во Косово, полицијата истражува

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 1 седмица

kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 1 седмица

kosovo-1

Татко го убил синот, два смртоносни инцидента за три дена во Косово

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања