Брвеница денеска избира градоначалник: Вчера гласаа болните, немоќните и лицата во затворите
Во општина Брвеница денеска се одржува гласањето во вториот круг од предвремените локални избори, откако вчера своето право на глас го остварија болните и немоќните лица, како и лицата кои издржуваат затворска казна.Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 107 пријавени болни и немоќни лица, гласале 104 лица.Во казнено-поправните установи низ државата, од девет пријавени лица со право на глас, гласале осум.Од ДИК информираат дека вчерашното гласање се одвивало без проблем
Македонија | пред 1 час