„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Лекари, пратеници, професори, адвокати, новинари, од нив само 10 проценти жени ќе учествуваат во локалната трка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarypk694qq6ohcvb8cC1Cv

Утре, 19 Октомври на осмите по ред локални избори од осамостојувањето на Македонија ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Град Скопје.

— реклама —

Право на глас имаат 1 милион 832 илјади и 415 граѓани запишани во Единствениот избирачки список. Од ноќеска настапи изборниот молк, а гласачките места ќе бидат отворени од 7 часот наутро.

— реклама —

Пријавени се вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299.

— реклама —

Најголем е интересот за градоначалничката фотелја Скопје, вкупно 16, од кои само една жена.

— реклама —

Огромна е доминацијата на кандидати-мажи.

Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници 89,64 проценти се мажи, а само 10,35 отсто се жени.

На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите.

Најмногу кандидатски листи се поднесени за Град Скопје 19.

Според возразната група од вкупно 10 799 кандидати за градоначалници и советници на возраст меѓу 18 и 20 години се 409 или 3,89 проценти, додека на возраст над 66 години се 985 кандидати или 9,12 проценти. Најмногу 25,36 проценти или 2 739 кандидати се на возраст меѓу 36 и 45 години.

Лекари, бизнисмени, директори, новинари, административци, професори, министри, пратеници, инженери, адвокати се меѓу кандидатите за локалните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Македонија | пред 1 седмица

IZBORI-GLASANJE2

Најстариот гласач има 107 години, највозрасниот кандидат за градоначалник има 79, а најмладиот 23 години

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања