Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Детали од разговорот меѓу Трамп и Зеленски: Поранешниот американски претседател вети дека ќе стави крај на војната во Украина доколку повторно победи на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-07-20-at-09.50.29

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе ја „заврши војната“ меѓу Украина и Русија доколку победи на претседателските избори во ноември во САД.

— реклама —

„Како и вашиот следен претседател на САД, ќе донесам мир во светот и ќе ставам крај на војната која чинеше толку многу животи“, напиша републиканскиот претседателски кандидат на својата платформа „Truth Social“.

Трамп често тврдеше дека би можел многу брзо да го прекине конфликтот во Украина по неговото враќање на власт, но никогаш не кажал како би го постигнал тоа.

— реклама —

Неговите чести пофалби за рускиот претседател Владимир Путин, како и неговите критики кон другите земји членки на НАТО, предизвикаа загриженост кај западните сојузници на Украина.

— реклама —

Соединетите Американски Држави на Џозеф Бајден се убедливо најголемиот донатор на воена помош за Киев, а победата на Доналд Трамп може да ја загрози секоја идна помош и со тоа да ја ослаби позицијата на Украина на бојното поле.

Зеленски го потврди телефонскиот разговор, при што му честиташе на милијардерот за официјалната кандидатура за претседателски кандидат на Републиканската партија.

— реклама —

„Ја подвлечев виталната поддршка на двете партии (републиканската и демократската) и двата дома на Конгресот во заштитата на слободата и независноста на нашата нација“, напиша Зеленски на платформата Х и ја повтори својата осуда за обидот за убиство на Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 6 дена

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања