Промени тема
Контакт

Детали за кражбата на уметнички слики: 33 годишен маж го сторил делото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 33 години осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 26 и 27 јуни, два пати влегувал во книжарница на улицата „Ѓуро Стругар“ во Скопје, од каде противправно одзел 16 уметнички слики со вкупна вредност од 984.000 денари.

— реклама —
— реклама —

На 26 јуни, во раните утрински часови, со употреба на погоден алат и физичка сила, тој го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел 6 уметнички слики од уметникот Павле Кузмановски. Настанот бил пријавен и биле преземени полициски дејства на лице место за откривање на сторител. Меѓутоа, осомничениот следниот ден, на сличен начин го скршил катанецот на предната врата и од книжарницата одзел уште 10 уметнички слики од истиот автор.

— реклама —

Oценувајќи дека постои опасност од бегство на лицето како и веројатност тој да го повтори делото, особено затоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за ист тип кривични дела во земјава, но и во Германија, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Му се заканил дека ќе му ја укинат социјалната помош, па му зимал дел од парите: детали за случајот со поткуп во АВРСМ Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања