Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Детали за нападот во училиштето во Ченто: Поранешен ученик го нападнал деветтоодделенецот, детето е во стабилна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library433fia5tje119pkLLLS

Градоначалникот на Гази Баба, Боби Стевковски, реагираше по инцидентот во ООУ „25 Мај“ во Ченто, каде 15-годишник со остар предмет повреди ученик од деветто одделение.

Тој посочи дека напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето, кој минатата година го завршил образованието таму.

— реклама —

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение“, напиша Стевковски.

— реклама —

Според него, по разговор со семејството на повреденото дете, бил информиран дека ученикот е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување.

„Лицето кое го извршило нападот е обезбедено од страна на Министерството за внатрешни работи. Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам најостра осуда на ваквиот чин. Насилството не може да се оправда со ништо“, додава Стевковски.

— реклама —

Тој посочи дека Општина Гази Баба е во постојана координација со надлежните институции кои преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно, МВР соопшти дека на 11.05.2026 во 14:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, по пријава дека во основно училиште на подрачјето на Гази Баба со остар предмет нанел тешки телесни повреди на друг 15-годишен ученик.

Неофицијално, повреденото дете е оперирано и се наоѓа во болница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryrms9boiacf7s6ISXPUl

(Видео) „Кој ќе влезе во кругот, добива ќотек“ – мајката на претепаното дете од Влае откри што се зборува за плоштадот „Делфина“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymrpk8987q3h55QdOcks

(Видео) „Како не ти е срам?“ – мајката на претепаното дете од Влае раскажа како реагирала мајка на едно од децата по пријавата во полиција

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања