Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Детските игралишта во Аеродром се небезбедни, градоначалникот итно да ги реконструира, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarydutntsnhm00r8634eYU

СДСМ обвини дека детските игралишта во Општина Аеродром се во лоша состојба и претставуваат ризик за безбедноста на децата, барајќи итна реакција од локалните власти.

— реклама —

Според партијата, дел од игралиштата се руинирани, оштетени и неосветлени, а недоволното одржување и честите вандализми дополнително ја влошуваат состојбата. Како најкритична ја посочуваат состојбата во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, каде, како што наведуваат, реквизитите подолг период се нефункционални и небезбедни.

— реклама —

Од СДСМ велат дека нивната советничка група во Советот на општината во повеќе наврати укажувала на проблемот и барала реконструкција, но, според нив, реакцијата од општината или изостанува или е недоволна.

— реклама —

Во реакцијата јавно се поставува прашањето до градоначалникот Дејан Митески за тоа кога ќе се преземат конкретни мерки, при што се бара привремено затворање на небезбедните игралишта и итна санација на оштетените реквизити, како и подобрување на осветлувањето.

— реклама —

Од партијата нагласуваат дека безбедноста на децата треба да биде приоритет и апелираат за брза реконструкција и редовно одржување на сите детски игралишта во општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања