Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Девет активни пожари во земјава, три се ставени под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc
Илустрација

Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот, од кои девет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во:

— реклама —
  • Ресен – село Подмочани, место викано Макази, каде гори борова шума и ниска вегетација;

  • Сарај – меѓу селата Копаница и Радуша, зафатени се нискостеблеста шума и ниска вегетација;

  • Зелениково – над село Палиград, гори мешана шума;

  • Чашка – над село Нежилово, на местото Сватови, зафатени се ниска вегетација и единечни дрвја;

  • Боговиње – село Урвич, гори нискостеблеста вегетација;

  • Врапчиште – село Градец, зафатена е борова шума;

  • Ново Село – меѓу селата Барбарево и Стиник, зафатени се ниска вегетација и мешана шума;

  • Струга – село Долна Белица, гори стрниште;

  • Кривогаштани – село Ловени, зафатена е ниска вегетација.

Под контрола се три пожари. Едниот е на подрачјето меѓу Општините Гостивар и Македонски Брод, кај село Трново кон селата Битово, Заград и Страјане, каде се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

— реклама —

Под контрола е и пожарот кај село Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде гореле ниска вегетација и шума, како и пожарот на градската депонија Острец во Делчево.

— реклама —

Единствениот пожар што до 13 часот е целосно изгаснат е регистриран на клучката Арачиново–Илинден во Општина Гази Баба, каде горело ѓубре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања