Дијана Хрка е во тешка здравствена состојба по 11 дена гладување, одбива медицинска помош и јго продолжува штрајкот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8galdj3qt84meG8BSDm

По 11 дена штрајкување со глад пред српскиот Парламент, мајката на младиот човек кој загина при уривањето на настрешницата во Нови Сад, Дијана Хрка, се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Таа продолжува со протестот барајќи одговорност за трагедијата, а околу нејзиниот шатор сè повеќе се собираат граѓани, студенти и универзитетски професори кои ѝ даваат поддршка. Неколку стотици луѓе денеска се околу местото на протестот, а Хрка попладнево, во 16 часот, треба да ѝ се обрати на јавноста.

— реклама —

Инцидент и вознемиреност се случија претпладнево пред парламентот, кога медицински тим пристигна на лице место по, наводно, анонимен повик од граѓанин. Лекарите побарале да ја прегледаат Хрка, но таа одбила медицински третман, објави Н1. Ветераните кои се со неа изјавиле дека никој од нив не повикал брза помош и дека протестот продолжува.

Околу 12:30 часот, медицинскиот тим се обидел да влезе во шаторот, но барањето било одбиено. Според снимките на српските медиуми, Хрка веќе е во инвалидска количка, видливо исцрпена и ослабена. Еден од присутните ветерани изјавил дека таа е „свесна, но преморена и исцрпена“, додавајќи дека моментално не е во животна опасност.

— реклама —

Некои медиуми јавуваат дека лекар и понатаму е во нејзина близина и дека се очекуваат официјални информации за нејзината состојба. Хрка вчера потврди дека се чувствува слабо, но решително порача дека нема да се откаже од штрајкот со глад што го започна на 2 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка повикува голема блокада во Белград: „Ако сакаме правда – мора да застанеме рамо до рамо“

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

(Видео) Дијана Хрка по 16 дена го прекина штрајкот со глад, добила благослов од двајца свештеници

Свет | пред 2 месеци

media-librarybbnjia0dbp9r1AKuhri

За разлика од нив, здравјето и животот на сите ни се важни: идните медицинари бараат Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад

Свет | пред 2 месеци

media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Дијана Хрка примила инфузија, но продолжува со штрајкот со глад

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања