Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дијана Хрка повикува голема блокада во Белград: „Ако сакаме правда – мора да застанеме рамо до рамо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryb94jh16u27413SGCtCF

Мајката на Стефан, момчето кое го загуби животот при уривањето на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад, Дијана Хрка – која 17 дена штрајкуваше со глад пред Собранието на Србија – сега упатува нов, овојпат многу поостар повик до јавноста.

— реклама —

Откако го прекина штрајкот, Хрка останува во протестниот шатор, за кој вели дека „ѝ станал втор дом“, и порача дека нема намера да се повлече додека не види вистинска политичка и институционална одговорност за трагедијата.

Охрабрена од одлуката на превозникот Миломир Јаќимовиќ и неговиот син да го прекинат гладниот штрајк, таа јавно го поддржа нивниот предлог за блокада на Белград – повикувајќи ги граѓаните на Нови Сад да излезат и активно да се приклучат.

— реклама —

„Верувам дека заедно можеме да направиме многу повеќе отколку секој поединечно. Време е сите групи да седнеме под ист шатор и да се договориме како продолжуваме“, порача Хрка на прес-конференција, додавајќи дека вечерва ќе следуваат разговори за координација на наредните чекори.

Како можен прв потег го спомена и 48-часовниот прекин на сообраќајот, но подвлече дека одлуката мора да биде заедничка и јасно усогласена.

Хрка повтори дека нејзината борба одамна излегла надвор од рамките на личната трагедија. Сака, како што рече, да ги охрабри граѓаните да се спротивстават на „злото што го гледаме во институциите и во атмосферата во општеството“ – и да покажат дека солидарноста може да стане сила што ќе донесе промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

Трендафилов: Понудата за зголемување на платите е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда

Македонија | пред 1 месец

media-library0un8h0k1klk17PAewJe

„Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!“ – Здрава котлина утре најавува блокада

Македонија | пред 1 месец

media-librarym32skuhq2gdi1Jc9VF6

Трендафилов повика на блокада: Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања