Промени тема
Контакт

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници вечерва, на 29 јануари, во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево Асоцијацијата „Макам-транс“, по одлуката на Европската комисија да донесе нова стратегија за визи, со која се најавува разгледување на проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Со повлекувањето од блокадите, по речиси четиридневен застој, се очекува нормализирање на товарниот сообраќај на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“. Од „Макам-транс“ преку објава на Фејсбук соопштија дека одлуката е донесена затоа што со стратегијата на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за можни идни промени, при што упатија благодарност до сите кои, како што наведоа, во изминатите денови ја покажале својата поддршка и солидарност со блокадите.

— реклама —

Блокадите започнаа на почетокот на неделава од страна на транспортери од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, со барање да бидат изземени од новиот систем за контрола на влез и излез во Европската Унија. Превозниците предупредија дека примената на правилото за престој од 90 дена во рамки на 180-дневен период во Шенген-зоната предизвикува економски штети и ризик од депортации за професионалните возачи.

— реклама —

Новата стратегија на Европската комисија, иако во оваа фаза не носи конкретно решение, потврдува дека прашањето ќе биде предмет на понатамошно разгледување. Во документот се наведува дека Комисијата ќе соработува тесно со земјите-членки за изнаоѓање „прагматични решенија“ кои би овозможиле продолжен краткорочен престој за одредени категории државјани од трети земји, истовремено обезбедувајќи безбедност, економски придобивки и правна сигурност.

— реклама —

Како можност се споменува и воведување ново законодавство на ниво на Европската Унија, со посебни правила за продолжен краткорочен престој, при што ќе се разгледа и влијанието на постојните билатерални договори што дозволуваат подолг престој, со цел нивно постепено укинување. Стратегијата признава дека одредени категории работници, меѓу кои и возачите на камиони, поради природата на својата работа зависат од мобилност и имаат потреба да останат подолго од дозволените 90 дена во рамки на 180-дневниот период, без обврска за дозвола за престој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Превозниците го одложуваат протестот на 14 септември, очекуваат решение за престојот во Шенген-зоната

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Од 14 септември превозниците од Македонија и регионот најавуваат блокада на границите поради проблемот со престојот во Шенген-зоната

Македонија | пред 3 дена

media-libraryomol2mj2j0co0Q7915H

(Видео) Почна протестот на македонските превозници, возачите се жалат на гужвите во центарот на Скопје

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Превозниците денеска на протест пред ЕУ: Бараат решение за правилото 90/180 дена

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања