Промени тема
Контакт

Превозниците денеска на протест пред ЕУ: Бараат решение за правилото 90/180 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Македонските превозници денеска излегуваат на протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје поради проблемот со правилото 90/180 дена, кое им го ограничува престојот во Шенген-зоната и го отежнува непреченото извршување на нивната работа.

Протестот, организиран од Асоцијацијата „Макам-транс“, ќе се одржи од 12 до 14 часот, а на него се повикани да учествуваат превозници, професионални возачи, соработници и членови на асоцијацијата.

— реклама —

Од „Макам-транс“ велат дека преку протестот сакаат да испратат јасна порака дека за професионалните возачи е потребно соодветно решение кое ќе ги земе предвид специфичностите на нивната работа.

— реклама —

Тие бараат да им се овозможи непречено извршување на транспортната дејност и надминување на проблемите што произлегуваат од ограничувањето на престојот од 90 дена во период од 180 дена.

— реклама —

Од асоцијацијата ги повикуваат превозниците и возачите да се приклучат во што поголем број, со порака дека само со заеднички настап можат да извршат притисок за решавање на проблемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Превозниците го одложуваат протестот на 14 септември, очекуваат решение за престојот во Шенген-зоната

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Од 14 септември превозниците од Македонија и регионот најавуваат блокада на границите поради проблемот со престојот во Шенген-зоната

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryomol2mj2j0co0Q7915H

(Видео) Почна протестот на македонските превозници, возачите се жалат на гужвите во центарот на Скопје

Македонија | пред 2 седмици

prevoznici

Македонските превозници најавија протест пред Делегацијата на ЕУ на 31 август

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања