Промени тема
Контакт

Превозниците го одложуваат протестот на 14 септември, очекуваат решение за престојот во Шенген-зоната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Најавениот протест на превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 14 септември нема да се одржи, соопшти Асоцијацијата „Макам-транс“.

Одлуката следува по средба со претставници на дел од државите членки на Шенген-зоната, одржана преку Мисијата на Европската Унија со седиште во Белград. Превозниците, како што наведуваат, одлучиле да не ги затвораат граничните премини кон државите членки на ЕУ.

— реклама —

Од „Макам-транс“ велат дека со ваквата одлука покажале добра волја и разбирање за последиците што би можеле да настанат со прекинување на синџирот на снабдување со стока меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Воедно, превозниците изразиле доверба во ветувањето дека ќе се забрза процесот за изнаоѓање соодветно решение за професионалните возачи и нивниот престој во Шенген-зоната подолг од дозволените 90 дена во период од 180 дена.

— реклама —

Од „Макам-транс“ очекуваат решение за ова прашање до изгласувањето на новата визна стратегија, планирано за втората половина на 2027 година.

— реклама —

Сите подготовки за спроведување на протестот, според соопштението, се ставаат вон сила за одреден период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Од 14 септември превозниците од Македонија и регионот најавуваат блокада на границите поради проблемот со престојот во Шенген-зоната

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryomol2mj2j0co0Q7915H

(Видео) Почна протестот на македонските превозници, возачите се жалат на гужвите во центарот на Скопје

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Превозниците денеска на протест пред ЕУ: Бараат решение за правилото 90/180 дена

Македонија | пред 1 седмица

prevoznici

Македонските превозници најавија протест пред Делегацијата на ЕУ на 31 август

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања