Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Трендафилов: Понудата за зголемување на платите е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов од денешниот протест пред Стопанската комора изјави дека понудата за зголемување на платите е се уште на маса, но и дека следниот пат нема да дојдат со понуда, туку со генерален штрајк кој чини многу повеќе од нивните работнички плати.

— реклама —

„Добар ден на сите освен на газдите и на следачите. 21 човек сме затоа што не следат, затоа што ги заокружуваат луѓето и затоа што им се закануваат на луѓето да не дојдат на протестите. Одлучивме дека и во вторник Владата на две места 21 човек ќе ја блокираат. Тука сме кај газдите кај истите оние кои ги избркаа цели наши семејства во странство. Кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и кои одбиваат да ги зголемат останатите плати само затоаш то законот не се промени. Кај газдите кои се слепи послушници на владата, а владата веќе кажа дека си се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Владата не им е пријател затоа што ги казнува, институциите ги даночат, им праќаат контроли и како што им кажуваат тие се договараат со своите вработени, а ги оставаатгаздите да се договорат со своите вработени. Проблем е што газдите кои се тука позади нас, не дозволуваат синдикално организирање во најголемиот дел на приватниот сектор. Ќе упатам порака и до работниците, само еден на 10 ваши колеги се бори за вашите плати, можете да замислите што ќе беше ако се боревме осум од 10 вработени“, вели Трендафилов.

— реклама —

Трендафилов порача дека и покрај сите притисоци нема да се откажат.

„Денеска сум информиран, дека било кажано дека сега сум господин. дека сега веќе не сум бил политички определен, но дека било кажано уште пострашно, дека сега ќе ги заокружувале луѓето кои доаѓале на протестите и бараат корка леб. Дека сега ќе ги објавувале како што го објавуваа моето семејство. Никој на никого не му должи ништо во оваа држава и никој на никого не смее да му се плаши“, изјави Трендафилов.

— реклама —

Тој им се обрати на работодавачите, им понуди да си подадат рака и да ги зголемат платите на сите работници за најмалку 6000 денари

— реклама —

„Да ја задолжиме државата од едниот џеб во другиот џеб да ги плаќа придонесите на тие вработени кои ќе добијат за најмалку 6000 денари зголемени плати. Понудата е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда, следниот пат ќе дојдеме со генерален штрајк кој ќе ги чини нив многу повеќе од нашите работнички плати. Само еден ден затварање на компанииите, институциите и државата, државата ќе ја чини многу повеќе од цело годишно зголемување на работничките плати“, додаде Трендафилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања