Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Димитриевски бара ЕУ да ја прeвоспита Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-91234

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски побара од Брисел да ја превоспита Бугарија и да најде начин како да го менаџира процесот на преговорите на Македонија со ЕУ. Вели дека доколку тој сега би бил пратеник не би гласал за уставните измени.

— реклама —

„Јас не сум подготвен да си менувам јазик, да си менувам култура, да си менувам нација за да бидам член на Европската Унија. Македонија е можеби една од малкуте држави во светот којашто го менуваше својот Устав во последните 20-тина години како да е еден лист обична хартија. Мислам дека е недозволиво во овој момент, под вакви услови да поминат уставните измени и доколку би бил член на парламентот сигурно дека не би ги поддржал“, рече Димитриевски синоќа во гостувањето на Сител.

— реклама —
— реклама —

Вели дека тој се чувствува како Европеец, местото на Македонија е во ЕУ, но секој кој ќе упати критики кон власта рече дека е етикетиран како русофил или поддржувач на Русија.

— реклама —

Инаку, Димитриевски претходно на интервју во Софија, порача дека Бугарите мора да прифатат дека ние сме Македонци инаку нема да се разбереме. Тој во тоа интервју за натписите на спомениците на кои стои „бугарски фашистички окупатор“ кажа дека не може да ја менува историјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryungia80lf62g42wZsSN

Димитриевски во Неготино: Европската комисија нотира напредок во областите во кои работи ЗНАМ

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Димитриевски бара лидерска средба: Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, нема отстапки без реципроцитет

Македонија | пред 1 седмица

maksim

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeq84o6ortbmdcbWNbNi

(Видео) Велигденски концерт или политичка промоција? Деца пееле песна за Максим Димитриевски – СДСМ обвинува за злоупотреба, ЗНАМ демантира

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања