„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Димитриевски денеска во Карпош и Центар: Притисоците нема да ме одвратат од намерата да ги промениме нештата во наша Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3373

Максим Димитриевски , претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – За

— реклама —

наша Македонија, денеска е во Скопје.

Во изјавата за медиумите тој потенцира дека води позитивна кампања,

— реклама —

се среќава со голем број на граѓани и отворено разговара за неговата

Програма Манифест за Македонија и секојдневните проблеми на граѓаните.

„Одѕивот е голем, интересот и за мене како претседателски кандидат и за

Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, како пполитички субјект,

секојдневно се зголемува“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека и покрај тоа што водат позитивна кампања, притисоците на

власта од ден на ден се зголемуваат.

„Тие притисоци се насочени првенствено кон нашите членови и активисти,

дополнително кон граѓаните од ниските социјални слоеви, а и директно кон

мене како претседателски кандидат. Бидејќи беа покренати поголем број на

фингирани постапки иницирани од поединци коишто се блиски до власта,

конкретно со случајот за кривичниот прогон“.

Димитриевски при тоа потенцира дека ;

„Јас и покрај сите притисоци ќе го дадам мојот максимум да ја

презентирам мојата програма во целост пред граѓаните на територијата на

целата држава. Веќе успеавме да посетиме поголем број на населени места

и се сретнавме со луѓе кои даваат огромна поддршка.

Денеска сме тука во Скопје, во општините Карпош и Центар и ќе

оствариме поголем број средби со граѓаните на кои ќе им ја доставиме

нашата изборна програма. Верувам дека до крајот на кампањата ќе успееме

да го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата можат

да бидат поинакви.

Запрашан со какви притисоци се соочува тој и членовите на Движењето,

Димитриевски одговори дека се тоа непринципиелни методи, обиди за

притисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, а

луѓе од ниските социјални слоеви добиваат нерпистојни предлози. Тоа,

рече тој, е нешто што се случувало и во минатото.

Димитриевски во однос на неговиот случај одговори со прашање:

„ Дали имало случај во државата досега, против било кој од досегашните

претседателски кандидати, во еден неполн месец да бидат поднесени две

обвиненија против него и да биде повикан два пати на обвинител и еднаш

пред надлежен суд. Следното рочиште е веќе закажано на 30 април во текот

на кампањата.

Тоа е дополнителен притисок врз мене којшто има за цел да ме одврати од

намерата во мојата борба, заедно со граѓаните да ги смениме нештата во

наша Македонија и да ми одземе време во кампањата да не можам да се

посвеатам на изборниот процес“.

Димитриевски во рамките на изборната претседателска кампања денеска и

ќе има средби со граѓаните на општина Карпош и Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3sdi7sfb43leehTRB8q

(Видео) Максим по победата зад ди-џеј миксетата, заигра на хитот кој му го посветија на изборите

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaoif82ojhforcOKhjhH

(Видео) Отстранета песната посветена на Максим Димитриевски од „Јутјуб“

Настани | пред 1 месец

martin-ko

Костовски: Димитриевски бил тројански коњ и уценет играч на власта

Македонија | пред 5 месеци

Makso

Снемало докази, па се повлекле - Обвинителството се правда зошто се откажале од гонење на Максим Димитриевски

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања