Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Димитриевски: Граѓаните заслужуваат на дебата да видат кој кандидат за Претседател на државата што нуди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29.9.maksim-dimitrievski

Кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ- За наша

Македонија, Максим Димитриевски, денеска во изјавата за Македонската

телевизија рече води позитивна кампања, но посочи дека за жал во делот

на платената политичка програма не се еднакви.

„Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам што

граѓанте немаат можност да не видат на дебати.

Господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал

— реклама —

од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме

нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го

заслжуваат“, објасни Димитриевски.

Во однос на предлозите за избор на претседателот на државата во

Собранието тој рече:

„Сметам дека тоа директно го крши и Рамковниот, а и Уставот и едноставно

— реклама —

во таа состојба ние немаме потреба од претседател на држава, ако се

избира во Собранието“. Тој додаде дека ние сме парламентарна република и

силата е во парламентот, иако тоа, како што рече не е случај во

моментот, бидејќи гледаме како извршната власт со камшик удира по

законодавната власт.

„Не знаеме еден случај Собранието да вратило одреден закон или да не

изгласало, а којшто дошол по предлог на владата.

— реклама —

Сме немале и случај претседателот да предложи одредено законско

решение“, рече Димитреивски и додаде –

„Непосредниот избор на Претседател е суверентитетот којшто граѓаните и

го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги

претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата

Претседател“. Тој рече дека како демократ, со демократски убедувања, е

— реклама —

секогаш подготвен да дебатира и јавно и да ги слушне и останатите

мислења во јавноста по однос на овој предлог.

„Но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив во

државата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија,од прост

во сложен тип на државно уредување, што за мене е неприфатливо“, рече

претседателскиот кандидат Максим Димитриевски во изјавата за

Македонската телевизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryungia80lf62g42wZsSN

Димитриевски во Неготино: Европската комисија нотира напредок во областите во кои работи ЗНАМ

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Димитриевски бара лидерска средба: Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, нема отстапки без реципроцитет

Македонија | пред 2 седмици

maksim

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryeq84o6ortbmdcbWNbNi

(Видео) Велигденски концерт или политичка промоција? Деца пееле песна за Максим Димитриевски – СДСМ обвинува за злоупотреба, ЗНАМ демантира

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања