„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано - во истражниот затвор Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Максим Димитриевски оцени дека е недозволиво Артан Груби да биде во куќен притвор, посочувајќи дека граѓаните мора да бидат еднакви пред законот и дека ваквите случаи личат на „реприза“ од минатото. Побара јасни одговори од судско-обвинителската власт и безбедносните служби како е проценето дека Груби не е безбеден во притвор. Тој истакна дека ЗНАМ има добри односи со коалициските партнери и е задоволен од министрите за правда и јавна администрација, но нагласи дека нема да учествува во влада со „нереформирана ДУИ“. Според него, има недоразбирање меѓу институциите за притвор и службите, а Груби требало да биде во истражниот затвор Шуто Оризари.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени синоќа претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

— реклама —

Во гостување на ТВ Сител, Димитриевски истакна дека ЗНАМ има одлични односи со коалициските партнери, дека со премиерот се уште не разговарал за реконструкција, ниту за ресори, ниту за конкретни имиња, како и дека е апсолутно задоволен од двајцата свои министри, за правда и за јавна администрација кои, како што напомена, се максимално посветени на реформите.

Димитриевски е дециден дека ЗНАМ нема да прифати учество во влада, во чиј составен дел би била сегашната, како што истакна, нереформирана ДУИ.

— реклама —

Граѓаните мора да се исти пред законот, а Македонија како држава треба да се постави многу сериозно пред сите предизвици и не смееме да гледаме репризи. За преседанот со Груби министерот испрати јасна порака до судско-обвинителската власт зашто видовме дека се случи реприза на многу такви случаи во минатото. Ако имате личност која побегнала од државата, а во меѓувреме известувала дека отишла да се прошета и ви се враѓа по месеци, нездозволиво е да ја ставите во куќен притвор, а од друга страна да гледате луѓе во притвор за многу мали квалификации на кривични дела, порача Димитриевски во врска со барањето на министерот за правда, Филков, МВР и АНБ да дадат јавна информација како процениле дека Груби не е безбеден во притвор.

Според претседателот на ЗНАМ, имало недоразбирање на релација институција за одржување притвор и безбедносните служби и за тоа тие треба да дадат јасен одговор, а министерот постапил согласно своите овластувања.

Видовме само една реприза - играње тенис пред јавноста, судот се повика на обвинителството, а обвинителството на судот. Груби моментно е во куќен притвор, седи дома и си пие чај. Дали јавноста се согласува со такво нешто или не? Ако ние сме држава што не можеме да обезбеди безбедност на некој граѓанин, тогаш се поставува сериозен знак прашалник дали можеме да гарантираме безбедност на поединец што е на функција. Неприфатлив е ваков одговор. Груби требаше да оди таму каде што е пропишано - во истражниот затвор Шуто Оризари, но не сакам да се впуштам во коментирање судска одлука. Во државата мора да има правда и за Груби и за секој друг поединец. Груби побегна во странство за да си даде луфта од 14 месеци се врати. Првично обвинителот предложил и доставил докази за одлуката куќен притвор, тука се и безбедносните служби. Јас немам увид во документацијата, но постојат институции и личности кои можат да ги добијат доказите, едни од нив се РСС и Советот на јавни обвинители, рече Димитриевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

maksim

Димитриевски за домашниот притвор на Груби: Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани

Македонија | пред 6 дена

pozarnikari-oglas

Нападнати пожарникари во Куманово, Димитриевски бара институциите да реагираат: Секој сторител треба да сноси одговорност

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Димитриевски: Зголемувањето на минималната плата носи повисоки цени

Македонија | пред 3 седмици

media-library3sdi7sfb43leehTRB8q

(Видео) Максим по победата зад ди-џеј миксетата, заигра на хитот кој му го посветија на изборите

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања